Металург против Динамо ќе пишува историја

Ракометарите на Металург, во сабота, ќе го одиграат реванш осминафиналниот натпревар во Лигата на шампиони против Белорускиот шампион Динамо Минск.

Македонскиот шампион во реваншот влегува со предност од 26:23, со која се стекна на првиот натпревар одигран на теренот на противникот. Тренерот на Металург, Лино Червар, кој за оваа средба на располагање ќе ги има сите играчи, со исклучок на Дејан Манасков, предупредува дека натпреварот во Минск бил само прво полувреме од двомечот и дека Динамо нема предвреме да се предаде. „Динамо е државен проект, тим во кој играат 13 странски ракометари кои доаѓаат од пет држави. Одиграа оваа сезона неколку одлични натпревари на гостински терен и пружија силен отпор на Барселона, а победија во Загреб“, рече Червар.Хрватскиот стратег очекува тврд натпревар од двете страни во кој победата ќе ја однесе екипата која ќе одигра подобро во одбраната. Натпреварот помеѓу Металург и Динамо ќе се одигра во арената „Борис Трајковски“ ќе започне во 18 часот, билетите за овој меч се распродадени, а од Металург најавија дека истиот ќе може да се следи на големиот екран на плоштадот „Македонија“.
Макфакс
Ракометарите на Металург, во сабота, ќе го одиграат реванш осминафиналниот натпревар во Лигата

Пронајдете не на следниве мрежи: