Ракометарите на Металург, во недела, против данскиот Силкеборг, ќе го одигра натпреварот од последното коло во Ц групата во Лигата на шампиони во сезоната 2012/2013.
Натпреварот кој ќе се одигра во арената „Борис Трајковски“, нема да има натпреварувачки карактер, откако во саботата Киелце забележа победа во Велење над Горење со 29:25.
Без оглед на тоа со каков резултат ќе заврши мечот во Скопје, Металург во Ц групата ќе биде второпласиран, додека Силкеборг ќе биде на четвртата позиција.
Можни противници на Металург во осмина финалето се екипите на Атлетико Мадрид, Чеховски Медведи и Динамо Минск, кои во своите групи го освоија третото место.
Осмина финалните двојки во Лигата на шампиони ќе бидат извлечени во вторник на 26.февруари, во седиштето на ЕХФ во Виена.
МакфаксРакометарите на Металург, во недела, против данскиот Силкеборг, ќе го одигра натпреварот од последното ко