МЕТА: Мицкоски му се жали на осудениот Кичеец дека го снимиле додека бил на средба со осомничениот Камчев

МЕТА: Мицкоски му се жали на осудениот Кичеец дека го снимиле додека бил на средба со осомничениот Камчев

Фото:ЈУТЈУБ

Христијан Мицкоски, во разговор со осудениот за случајот „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец вели дека се среќавал со осомничениот во случајор „Империја“, Орце Камчев додека овој бил под надзор на властите.

Во снимката, која осамна на анонимен профил на „Јутјуб“, која е продолжение на веќе објавените разговори меѓу Мицкоски и Милески, Мицковски му вели на Кичеец, кој самиот ја призна вината за случајот „Рекет“, дека бил сликан на некоја од средбите со осомничениот за злосторничко здружување и други кривични дела во случајот на СЈО „Империја“.

„Мене ме имаат сликано таму како влегувам. Под ПИ-мерки кога беше тој, ниту излегло муабет од мене дека се слушаме некој пат, ниту друг муабет“, објаснува Мицкоски на снимката и додава дека бил во автомобил и дека го сликале во возилото додека тоа влегува.

На снимката се слуша и женски глас (најверојатно се работи за Слободанка Алесковска) , кој вели: „Го имаат сликано кога беше кај нас, како има дојдено, пошто Орце беше под ПИ мерки“.

На тоа Милески прашува: „Ве имаат сликано? Сигурно?“.

На што Мицкоски одговара: “Сто посто, не мене, колата како влегува“.

Пред речиси еден месец беа објавени уште четири разговори на кои се слушаат стратегии за соработката меѓу Мицкоски и Кичеец за време на претседателските избори.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.