Мета ја проширува политиката за отстранување на објавите во кои се напаѓаат „ционистите“

– Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, вчера најави проширување на политиката против говор на омраза со отстранување на објавите што ги таргетираат „ционистите“ на погрден начин.Новата политика е осмислена да ја спречи употребата на зборот „ционист“ како начин за изразување „антисемитски ставови“ кон Евреите и Израелците, истакна Мета.Препознавајќи ги повеќестраните историски и модерни толкувања на терминот „ционист“, Мета ја истакна важноста на правењето разлика помеѓу „легитимни“ политички дискусии и штетната реторика насочена против поединци.По консултации со над 145 експерти, Мета одлучи да преземе чекори против содржината што „промовира антисемитски стереотипи, поттикнува штета или го негира постоењето на Евреите или Израелците под превезот на критикување на „ционистите“.Компанијата ќе ги отстранува објавите што прават „дехуманизирачки споредби или повикуваат на наштетување користејќи го терминот „ционисти“, дискусиите поврзани со самото ционистичко политичко движење сè уште ќе бидат дозволени на нејзините платформи, додаде компанијата.Кон Мета се упатени критики за нејзиниот пристап кон содржините од Блискиот Исток, со загриженост за потиснување на пропалестинската содржина и недоследности во спроведувањето на политиките за говор на омраза на Фејсбук.Практиките на Мета за модерирање на содржината и донесувањето одлуки беа под лупа поради недостиг на транспарентност и надворешен надзор, особено по случаите кога говорот на омраза остана недетектиран во рекламите и објавите, вклучително и оние што поттикнуваат насилство и геноцид врз етничките групи.

Пронајдете не на следниве мрежи: