Иако блокадите на населението поради пандемијата Ковид-19 драстично ги намали количествата испуштени стакленички гасови, сепак ќе бидат потребни уште мерки за борба против глобалното затоплување, а 2020 по се изгледа ќе биде најтоплата година откако во континуитет се вршат метеоролошките мерења.
Шансите за тоа се 50 до 75 отсто, а ако тоа се случи, ќе биде надминат рекордот на 2016 година, која засега важи за најтоплата година досега, велат од Националната океанографска и атмосферична администрација на САД.
Годинашниот јануари бил најтоплиот откако се вршат мерења, а во февруари на Антарктик првпат беа регистрирани 20 Целзиусови степени. Во првите три месеци на годинава, топлото време беше најизразено во Источна Европа и Азија.