Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег, особено во источните делови. Наместа ќе има појава на слаба магла. Попладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер (наместа над 50 км/час). До крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат и облачноста делумно ќе се намали. Воздушниот притисок ќе бележи значителен пораст и до утре ќе се зголеми за повеќе од 10 мерни единици. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен слаб дожд кој постепено ќе престанува. Во делови од котлината ќе има појава на слаба магла, а попладне ќе дува умерен северен ветер.
T= 7 °C, P= 988 hPa, U= 88 %, V= 5 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)