Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

До понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност и ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m2).
Во Скопје, до понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината повремено врнежите ќе бидат пообилни.



