Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

За време на овој празничен викенд, односно утре (Велика сабота 19 април) и во недела ( 20 април Велигден), под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утре (19 април Велика сабота), особено во Повардарието ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.
И во Скопје и околината за најголемиот Христијански празник Велигден времето ќе биде стабилно, суво, топло и претежно сончево. Утре (19 април Велика сабота) повремено ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.