Метео: Сончево и тополо со температури до 20 степени Целзиусови

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Утре ќе преовладува стабилно време. Од вторник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на грмежи. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h.

Пронајдете не на следниве мрежи: