“Метлата“ на Заев не мете во ДУИ, тврди Османи

Во емисијата “200“ на ТВ “Алсат“ Бујар Османи, вицепремиерот задолжен за европски прашања, во врска со најавената “метла“ на премиерот Заев истакна дека за смена на кадрите на ДУИ кои се дел од Владата може да одлучуваат само Али Ахмети и партијата.
Надоврзувајќи се на ова водителот го праша вицепремиерот дали е ова дуалност, паралелност, бидејќи премиерот сепак е вашиот шеф од организациски аспект за тоа како функционира Владата на што Османи вели дека нема ништо чудно во тоа, имајќи предвид дека Владата била политичка, а не експертска.
– Нема тука ништо чудно. Владата е политичка, не е експертска, ја сочинуваат партиите од коалицијата. Секоја партија има свои форуми каде се предлагаат кадрите кои ќе раководат со институциите. Јас сум избран во претседателството на ДУИ и сум предложен кај премиерот да ме предложи во Собрание. Според ова премиерот има можност само да побара од Али Ахмети да биде сменет некој функционер на ДУИ и тоа да се потврди во претседателството на ДУИ, па дури и Али Ахмети треба да ја потврди таквата одлука во раководството на ДУИ, одговори Османи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.