Метода од 30 секунди која спасила многу врски: Еве што треба да направите

Ситниците можат да ве извадат од такт, особено ако имате тежок ден зад себе и наталожена доза на стрес.
Секогаш е добро да имате издувен вентил за да не ги повредите оние кои ги сакате, или било кој друг. Многу парови се препираат околу некои ситници кои во одредени ситуации создаваат големи проблеми, но доколку размислат за нив со “ладна глава”, ќе сфатат дека сепак не е крај на светот.
За таа цел, експертите за врски споделиле еден едноставен трик од 30 секунди кои сите парови треба да го применуваат за да одбегнат создавање на дополнителни проблеми таму кадешто навистина ги нема.


Оваа метода се одвива во три чекори, а со оглед дека ви се потребни само 30 секунди од вашиот живот да ја спроведете во пракса, би било штета да не ја испробате следниот пат кога ќе бидете на работ на експлозија кон вашиот партнер.
Прво, длабоко вдишете пред да одлучите да реагирате на било кој начин. Второ, анализирајте ги вашите чувства. Размислете за тоа како се чувствувате – тажно, луто, разочарано. Кога сте повторно мирни и ќе се почувствувате подобро, тогаш е време за разговор со партнерот.
Трето, поставете си ги овие прашања:
1. Што ќе добијам од тоа доколку претерано реагирам?
2. Што можам да научам од оваа ситуација?
3. За што сум благодарен/благодарна?
Доколку ги повторувате овие чекори секој пат кога сте во стресна ситуација, тие ќе ви станат рутина, а со тоа можете да го зачувате вашиот брак или врска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.