Мециновиќ: Ако планираат да носат закони за нивните олихархиски спонзори, нека бидат спремни на СЀ!

Ако планираат да носат своеволно закони, кои им служат на нивните олигарси, нека бидат спремни на сѐ, вели во гостување во „Тешки муабети“ портпаролот на Левица и пратеник во собранието на РМ, Амар Мециновиќ во врска со ограничените можности за делување на опозицијата во Собранието поради претходно донесените измени на Деловникот на Собранието.

– Ќе се бориме во Собранието со сите расположливи средства. Ако планираат да носат закони кои ќе бидат од корист за нивните олихархиски спонзори, нека бидат спремни на сѐ! Ние сме претставници на народот, вели Мециновиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: