„Денес е 7 октомври. Уште пред една година, на денешен ден во Собранието поднесов декларација за признавање на државата Палестина, во име на пратеничката група на Левица“, потсети Амар Мециновиќ на прес конференција и додаде дека, иницијативата сè уште е во фиока. Во меѓувреме, низа европски држави ја признаа Палестина, но Македонија ја пропушти можноста да се најде меѓу првите слободарски народи.
Мециновиќ реагира и на изјавата на министерот за надворешни работи дека земјата не треба да биде „импулсивна и емотивна во носење одлуки“. „Што има импулсивно и емотивно во илјадници деца кои се убиени и во спречување на апартхејдски систем? Македонија мора да испрати порака дека е на страната на слободата“.
Уште еднаш апелираше до Владата да го артикулира ставот на народот, нагласувајќи дека Македонците секогаш биле на страната на ослободителните движења.
„Вазалската влада мора да собере храброст и да ја признае Палестина час поскоро“, порача Мециновиќ.



