недела, 15 ноември 2026
Најново

Мециновиќ: Ќе ни прават „Блекрок“, ќе станеме киријашки град

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ,реагираше на социјалните мрежи по веста дека фонд од Данска сака да купи 1.000 станови во Скопје.

Според поранешниот кандидат за градоначалник на Скопје, во позадина се крие намера да се купат станови со кои граѓаните на главниот град ќе се принудат да плаќаат кирија и да немаат свој имот. Наедно ја повика и државата да преземе заштитни мерки.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Кој стигне ќе прави пари од народот во Македонија – државата толку не интервенира што ќе ни прават Блекрок, да станеме киријашки град и држава.

Најмалку, не смеат да почнат странски холдинзи и инвестициски групи да купуваат готови станбени единици. Така ќе се создаде екосистем помеѓу овдешната урбанистичка мафија и овие странски сопственици, што за возврат ќе ги осакати квалитетот на живот и економската положба на луѓето“,објави Мециновиќ.

Поврзани вести