Човек од Вирџинија починал откако мечка паднала врз него од дрво а била застрелана од еден од неговите партнери во лов, пишува Асошиетед прес.Инцидентот се случил на 9 декември во округот Луненбург, кој е помеѓу Ричмонд и Денвил, според соопштението на Одделот за диви животни во Вирџинија.Група ловци следела мечка која се качила на дрво. Додека ловците се оддалечувале од дрвото, еден од нив ја застрелал мечката.Животното паднало врз друг ловџија кој стоел на оддалеченост од околу три метри од дното на дрвото.Жртвата е идентификувана како 58-годишниот Лестер Харви од Феникс, Вирџинија. Еден од ловците укажал прва помош пред Харви да биде однесен во болница, каде што починал на 13 декември.
A hunter in Virginia has died after a bear shot in a tree fell on him https://t.co/8maOCPNuk4— WDRB News (@WDRBNews) December 17, 2024
Вакви инциденти имало во последните години. Во 2018 година, еден човек на Алјаска претрпел повреди опасни по живот откако неговиот партнер за лов застрелал мечка на гребен.Животното паднало по падината кон човекот, кој исто така бил погоден од камења фрлени од мечката.Уште еден маж беше повреден во 2019 година, откако неговиот партнер за лов застрела мечка на дрво во Северна Каролина.
Virginia hunter dies after bear shot from tree falls on him https://t.co/o9NvgMbYbd pic.twitter.com/ELHXd1L7aW
— Allison Papson (@AllisonPapson) December 18, 2024
Мечката паднала од дрвото и почнала да го гризе ловецот.Човекот и животното потоа паднале од карпата.Ловецот бил пренесен во болница, додека мечката подоцна била пронајдена мртва.