Мечка нападна старица во Словенија

Жена на 80 – годишна возраст била нападната во близина на нејзината куќа која се наоѓа на околу 15 километри јужно од Љубљана. Таа се здобила со полесни повреди и била однесена во Медицинскиот центар во Љубљана. За инцидентот се алармирани не само полицијата , туку и ловните друштва, кои се во потера по мечката за да ја застрелаат.
Мечки биле забележани дури и во приградските населби на Љубљана, па словенечкиот Парламент  неделава донесе итен закон со кој се одобрува отстрел на 200 мечки и 11 волци. Законот е донесен  заради честите напади на селските домаќинства и протестите на фармерите , кои секојдневно се справуваат со убиени или повредени грла добиток.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.