Мечка упаднала во пекара и изела 60 колачиња

Во гаража на пекара во Авон, Конектикат, упаднала гладна мечка и исплашила неколку вработени, при тоа изела 60 колачиња пред да замине од таму. Настанот се случил кога вработените во пекарницата ги ставале колачите во комбето за достава кога гладната мечка се појавила, јавува АП.

Соственичката на пекарата, во својата објава на Инстаграм пишува дека слушнала како нејзината вработена вреска довикувајќи дека мечката влегла во гаражата.
Мечката која успеала да изеде дури 60 колачи, притискајќи силно на сирената од автомобилот успеал да ја избрка пекарот.
Додека да пристигнат полицајците и службениците од Одделот за енергија и заштита на животната средина во Конектикат (DEEP), мечката крадец веќе избегала.

За среќа, нема повредени во овој немил настан.
Статистиката покажува дека имало рекордни 67 извештаи за мечки кои влегле во домовите во Конектикат во изминатата година. .

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.