Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата

Во знак на одбележување на Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата денес во Скопје во Клубот на пратениците ќе се одржи Конференција за сиромашни и социјално исклучени лица. На конференцијата меѓу другите ќе се обрати и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата ќе биде одбележан и на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје.
На настанот на Институтот, меѓудругото, ќе се зборува за сиромаштија во исхраната и материјална депривација во Република Македонија, за квалитетот на исхраната кај ранливи домаќинства во Македонија: наоди од квалитативно истражување, за статусот и предизвиците во функционирањето на јавните кујни во Македонија, како и за алтернативите во справувањето со сиромаштијата со храна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.