Денес во земјава со низа активности ќе се одбележи 3 декември – Меѓународниот ден на лица со попречености.
Во свечената сала на Владата на Република Македонија ќе се одржи настан на тема „Зајакнување на лицата со попреченост и обезбедување инклузивност и еднаквост“. Обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, Националниот координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост Спасе Додевски, шефот на делегацијата на Европската Унија Самуел Жбогар и претставник на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Чедомир Трајковски.
Одбележување на Меѓународниот ден на лица со попречености ќе се одржи и во организација на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, во аулата на факултетот, каде е предвидена програма од редовните и посебните основни училишта и хуманитарна ликовна работилница со студентите од Факултетот за ликовни уметности. Слични настани организираат и други институции и граѓански организации низ републикава.