Меџити за Канал 5: „Зошто да не го почекаме Косово на патот кон ЕУ“!!!

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити и прв вице премиер во Владата на Христијан Мицкоски, во интервју за Канал 5 говореше и за евроинтегративниот пат на Македонија.

Тоа што Албанија отиде понапред и го отвори преговарачкиот пакет за Меџити не претставува проблем но призна дека „Албанците тука не се среќни што Албанците од Албанија чекорат кон Европската Унија, а ние заостануваме, но ова е еден вид притиок и фактор и ние поцврсто да нагазиме на овој процес и некаде по пат да се сретнеме со Албанија“.

На ироничната за белешка на уредникот дали можеби треба и Косово да го почекаме, Меџити одговори:

„Па зошто да не. Можеби не да ги почекаме, но јас тоа го гледам како позитивен натпревар и на крајот да бидеме дел од ЕУ заедно“.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.