Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод завршувањето на дипломатската мисија на амбасадорот на Република Турција во Македонија, Фатих Улусој, изрази благодарност за неговиот придонес и соработката во текот на неговиот мандат во земјава.
Меџити го истакна отворениот, пријателски и конструктивен пристап на амбасадорот Улусој, нагласувајќи го неговиот значаен придонес во унапредувањето на соработката и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Турција.
„Амбасадорот Фатих Улусој, со својот отворен, пријателски и конструктивен пристап, даде значаен придонес во унапредувањето на соработката и зајакнувањето на односите меѓу нашите две земји. Му благодариме за одличната соработка и коректноста во текот на целата негова дипломатска мисија и му посакуваме многу успех во идните ангажмани. Пријателството меѓу Македонија и Турција останува силен мост што заеднички ќе продолжиме да го градиме и зајакнуваме“, изјави Меџити.
Завршувањето на мандатот на амбасадорот Улусој означува крај на еден период на плодна соработка, додека пријателските односи и партнерството меѓу двете земји остануваат цврста основа за продолжување и продлабочување на соработката и во иднина.



