Меџити се пофали: Пет „албански“ општини ќе добијат 445,7 МИЛИОНИ од унгарскиот кредит на Владата

Иако Владата официјално не ги објави општините кои добиле средства за реализирање на проекти од унгарскиот кредит, ниту пак кои конкретни проекти ќе бидат реализирани со тие средства, првиот вице-премиер Изет Меџити на Фејсбук се пофали со дел од средствата кои ги добиле општините со градоначалници Албанци.

Чаир добил 169.357.716 (169,3 МИЛИОНИ денари) за реконструкција на канализации во три населби.

Гостивар добил нешто повеќе од 161 милион денари за реконструкции на улици.

– Ова е нашата дефиниција: Инвестиции во развој и модернизација за подобар живот за сите!
Повеќе пари во инфраструктурата, образованието и животната средина за модернизација на Гостивар, Тетово, Ликова, Струга, Чаири, Кирчова, Куманово, Желина, Сарај, Харачина, Теарца и за сите други општини од нашата држава без разлика.
Владата ќе ги стави на располагање сите потребни ресурси за сите општини успешно да ги искористат финансиските средства за проектите. Заедно ќе успееме, секогаш за доброто на граѓаните!
Значи, ќе го затвориме казиното и ќе донесеме инвестиции во секое населено место!
На пропагандата за валкани пари од казино одговараме со конкретни проекти за вашите вистински потреби.
Развојот ВРЕДИ! – напиша Меџити на Фејсбук.

34.3 милиони денари добива и Арачиново, за реализација на слични инфраструктурни проекти.

А Тетово ќе добие 80,8 милиони денари, Липково пак ќе добие 55,1 милион денари.

Претходно премиерот Мицкоски најави дека проектите кои ги добиле средствата ќе бидат објавени јавно.

Пронајдете не на следниве мрежи: