Не сум некој мераклија на сликање со функционери,политичари а сум имал прилика,сум идел по митинзи, а уште помалку да ги објавувам! Со Никола Тодоров сакав да ја објавам затоа што се водеше страшна кампања против него и неколку пати ја имам пуштено! Овој пат не сакав, но сликава не е од партиски митинг на ВМРО ДПМНЕ туку од собир на ГДОМ! Пазете Граѓанско Движење за Одбрана на Македонија! Ми се чини дека така беше! Април 2016 година!
Тони Михајловски беше присутен, Петар Темелковски и други! Стоев блиску до Тодоров и ми се навраќаат реакциите негови на говорите на учесниците кои беа ултра патриотски! Доста еуфорични беа реакциите на министерот! Одобрувачки! Глума ли било, искрено ли било останува прашање! Но сигурно дека правење на цензус за промена на Име не е одбрана на Македонија! Цела фотосесија одработи затоа што доста луѓе сакаа да се сликаат со него! Само да напоменам дека “бомбите” веќе дебело се пуштаа!
Разочара Никола Тодоров!