Унгарскиот Солнок го совлада МЗТ Скопје Аеродорм со 81:72 (22:9, 19:19, 20:31, 20:13) во натпревар од 24.коло во АБА лигата.Играчите на Алеш Пипан одиграа натпревар со многу осцилации, му дозволија на домаќинот да се стекне со солидна предност уште во првата четвртина, која на крајот се покажа како клучна за конечниот резултат.МЗТ се обиде во второто полувреме да ја достигне предноста на Солнок, намалија играчите на македонскиот првак на само два поени негатива, но домашниот тим со серијата од 8:0 на стартот на решавачкиот период ги реши дилемите околу победникот.Гечевски со 15 поени, осум скока и три асистенции, беше најдобриот играч на МЗТ. По 15 поени за МЗТ постигнаа уште Дејвис и Дамјан Стојановски. Бадер со 24 и Флоренс со 15 кошеви го предводеа Солнок до победата.МЗТ по 24 одиграни натпревари во АБА лигата има 50-отстотен ефект од 12 победи и исто толку порази.Македонскиот првак во претпоследното, 25.коло, на 16.март ќе го пречека Партизан.
МакфаксУнгарскиот Солнок го совлада МЗТ Скопје Аеродорм со 81:72 (22:9, 19:19, 20:31, 20:13) во натпревар од 24.коло во