МЗТ и гостува на Цедевита

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се наоѓаат во Загреб, каде во недела, во 21-то коло, во АБА лигата ќе играат против домашната Цедевита.

Тренерот на МЗТ, Алеш Пипан, на овој дуел нема да може да смета на центарот Урош Николиќ кој има повреда на скочниот зглоб и на Стефан Поповски Турањанин, кој подолго време е отсутен поради повреда на рамото.Иако изминатата седмица не тренираше редовно, плејмејкерот Никола Оташевиќ ќе биде во екипата за мечот со Цедевита. „Имаме доста големи проблеми со повредените играчи, но и покрај сé очекувам оние што се во можност да играат, да одиграат најдобро што можат”, изјави за клупската интернет страница тренерот на МЗТ,  Алеш Пипан. Во првиот дел од сезоната, МЗТ како домаќин ја победи Цедевита со 74:61. Дуелот на двата тима во недела ќе започне во 17 часот. АБА лига 21.коло, комплетни двојки:Сабота, 16.февруари:Сонлок – ОлимпијаСплит – КркаБудуќност – ШирокиНедела, 17.јануари:Цедевита – МЗТ Скопје АеродормЦрвена ѕвезда – ПартизанПонеделник, 18.јануари:Игокеа – ЗадарРаднички – ЦибонаТабела: Игокеа 15/5, Ц.Ѕвезда 14/6, Партизан 13/7, Будуќност, Раднички и Цедевита 12/8, Олимпија 11/9, МЗТ 10/10, Крка 8/12, Цибона, Широки, Задар и Сплит 7/13, Сонлок 5/15.
Макфакс
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се наоѓаат во Загреб, каде во недела, во 21-то коло, во АБА лигата ќе играат против дома

Пронајдете не на следниве мрежи: