МЗТ му зеде мерка и на Партизан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа победа над Партизан со 66:64 (19:17, 11:14, 19:16, 17:17), во претпоследното коло во АБА лигата.Играчите на македонскиот првак, во последниот натпревар оваа сезона пред домашните навивачи во АБА лигата, до победата го предводеше Ѓорѓи Чековски со 21 поен и девет скокови.Инаку Чековски, во последната минута погоди едно од двете слободни фрлања за предност од 65:64, која во финишот ја потврди Оташевиќ.Актерите на теренот пред 7.000 публика во арената „Борис Трајковски“ одиграа неизвесен меч, во кој доминираа одбраните на двата тима.За неизвесноста на натпреварот говори и податокот дека најголемата предност која ја имаше една од екипите изнесуваше девет поени – МЗТ во 25.минута имаше предност од 43:34.Покрај споменатиот Чековски, со учинокот во тимот на МЗТ се издвоија Оташевиќ (13 поени, 3 скока, 2 асистенции, 4 украдени топки) и Дамјан Стојановски (11 поени, 5 асистенции). Партизан го предводеше Гордон со двоен ефект од 18 поени и 14 скокови.Во последното коло од регуларниот дел во сезоната во АБА лигата, МЗТ ќе гостува кај Крка, натпреварот ќе се одигра на 23.февруари со почеток во 20 часот.
МакфаксКошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа победа над Партизан со 66:64 (19:17, 11:14, 19:16, 17:17), во претпоследн

Пронајдете не на следниве мрежи: