Мигрантите од Атина тргнаа на север

Десетиците мигранти и бегалци кои протестираа на железничката станица во Атина и го блокираа железничкиот сообраќај, синоќа го прекинаа протестот и тргнаа кон север. И тие сакаат да им се приклучат на стотиците баратели на азил собрани надвор од кампот за мигранти на периферијата на Солун, по лажна вест на социјалните мрежи дека повторно е отворена “балканската рута“.
– Во тек се напори да се убедат овие луѓе да сфатат дека ветувањата и уверувањата што им беа дадени не се вистинити. Тие можат да изгубат повеќе отколку што се надеваат дека ќе ги добијат. Ние постојано ги информираме и веќе почнуваат да се повлекуваат, изјави генералниот секретар на Министерството за миграции, Милтијадис Клапас, за АНА-МПА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.