Мигранти запалиле училиште во БиХ?!?

Старото селско училиште во босанското село Влаховиќ, изгоре, а како што тврдат мештаните пожарот го предизвикале мигранти.
– Ова е нивна рута и полицијата често ги наоѓа на ова место, бидејќи нашето село е сместено на работ на општината, кон Федерацијата. Училиштето, имајќи предвид дека од почетокот на осумдесетите години тука нема ученик, е пригодно за одмор, бидејќи селото се наоѓа меѓу Љубињ, Стоц и Берковиќ, така да претпоставуваме дека мигрантите се одговорни, иако не тврдиме дека пожарот го предизвикаа намерно, велат мештаните, а пренесуваат босанските медиуми.
Сламата пронајдена при гаснењето на пожарот е доказ дека мигрантите го користеле училиштето како место за одмор и преспивање, а таа е лесно се пали. Се претпоставува дека пожарот е предизвикан од отпушок од цигара или од огнот кој мигрантите го палата за да се загреат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.