Вчера за време на протестот во кампот на грчкиот остров Лезбос мигрантите предизвикале два пожара и се судриле со полицијата. Според се уште непотврдени информации во кампот Морија загинале две лица. Мигрантите ги започнале немирите затоа што барале да бидат преместени во копнениот дел на Грција.
Портпаролот на грчката полиција, Теодорос Хронопулос, изјави за „АП“ дека мигрантите запалиле маслиново дрво пред кампот нешто пред 17 часот по локално време, а само неколку минути подоцна предизвикале пожар и во самиот камп.
Во кампот Морија на простор предвиден за 3.000 луѓе се наоѓаат околу 12.000 мигранти, повеќето Авганистанци.