Државјанката на Авганистан, Арабзада Нози (25) пријавила во полиција дека е силувана во прифатниот центар за мигранти во Адашевац во близина на Шид, по што останала бремена.
Неа повеќе пати ја напаствувал Аријан Ахмад (18), а злоставувањето го правел во соба пред очите на нејзините три малолетни деца на возраст од 11, 9 и 2 години.
Несреќната жена побарала помош и го пријавила силувањето дури по неколку седмици, откако дознала дека е бремена.
Кобната ноќ Аријан Ахмад околу еден часот по полноќ тропнал на вратата на Арабзада Нози, со изговор дека бара леб.
– Не претпоставувајќи што ќе се случи, жената ја отворила вратата и тргнала да му даде парче леб. Тогаш Ахмад скокнал кон неа, ја турнал на креветот и почнал да ја бакнува. Таа цело време се опирала и го молела да ја пушти, но тој не се откажал. Нејзините врисоци ги разбудиле и дечињата кои, исто така, почнале да врескаат и да плачат, но манијакот ниту тоа не го спречило да им ја силува мајката. По два часа изживување излегол од собата- изјавува изворот на информацијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.