Мигрант силувал, па крвнички убил тинејџерка

Медиумите во Германија открија нови детали од најновото свирепо убиство на 17-годишна девојка од страна на мигрант. Малолетната Елма Ц. имала српско потекло и била убиена во бегалски камп во градот Санкт Аугустин во близина на Бон. Убиецот 19-годишен Кениец, Брајан С. го признал злосторството и открил дека на убиството му претходела расправа, но истрагата утврдила дека девојката прво била силувана, а потоа и претепана до смрт. Мртвото тело на Елма два дена било чувано  во соба во бегалскиот центар.
Родителите на Елма го пријавиле нејзиното исчезнување во петокот. Таа им рекла дека ќе оди во Бон да се сретне со некоја пријателка, но според полицискиот извештај, таа всушност заминала да се види со обвинетиот. Откако била пронајдена кеса со нејзината облека и документи, германската полиција организираше истрага и потрага по тинејџерката.
Наводно Елма го запознала осомничениот во кафетерија неколку седмици порано и наводно биле во врска. Полицијата со помош на заедничките фотографии на Фејсбук ги поврзале жртвата и Брајан, па така набрзо го разрешиле мистериозното исчезнување на девојката.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.