Германскиот возач Мик Шумахер е во врска со манекенката Лаила Хасановиќ, која по потекло е од Сребреница.
Парот замина на одмор, а тој на социјалните мрежи сподели заедничка фотографија од нив. Во описот стави емотикон срце, по што следуваат честитки од фановите.
„Ви посакувам се најдобро. Прекрасен пар сте“, „Конечно објавивте дека сте заедно“, „Честитки иако сум љубоморна“, се некои од нив.
Тој претходно објави фотографија на која се држат за раце и носат исти алки. Двајцата се сретнаа на Гран при во Белгија. Таа е родена во Данска, а често ја посетува Сребреница.
Во 2019 година, Лаила влезе во финалето на изборот за Мис Универзум во Данска. Често на социјалните мрежи објавува детали од снимањето на модни кампањи, патувања и слично. Во моментов има речиси 180 илјади следбеници на Инстаграм.