Милановиќ: Северна Македонија сама одлучува за својот пат

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова е во официјална посета на Хрватска, каде што се сретна со својот хрватски колега, Зоран Милановиќ. Милановиќ го коментираше долгорочниот процес на пристапување на Македонија кон Европската Унија, истакнувајќи дека за нас има многу барања и услови.

Милановиќ вели дека Северна Македонија сама одлучува за својот пат.

„Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере, претпоставувам дека тоа е патот на благосостојба, мир и спокојство на граѓаните на Македонија. А второто, вклучувајќи ги ЕУ и НАТО, е фасада, еден вид енергетска обнова, но она што ја прави куќата е внатре. Ова се мои мисли, тие не се совет дури ни за првиот сосед до кој живеам, а камоли за целата земја и народ.“

„Истото важи и за Хрватска, ЕУ е надградба, но не и зграда. Нашиот дом и традиција се на наша земја, додека ЕУ е сезонска приказна добредојдена сè додека трае. Тоа е тоа. Постои живот без ЕУ, и успешен и достоинствен живот“, рече Милановиќ, објавија хрватските медиуми.

Претседателката на Северна Македонија, Силјановска-Давкова, изјави дека земјата се соочува со голем притисок од Европската Унија за промена на Уставот.

Таа нагласи дека како земја бараме да не се применуваат двојни стандарди кон нив.

„Според нашиот Устав, иницијативата за негова промена може да ја покрене претседателот, 30 претставници или 150 илјади граѓани. Сега, меѓутоа, ЕУ бара од нас да го сториме истото, а можеби и некои од нашите соседи ќе го сторат тоа. Ова е навистина голем притисок. Како земја, скромно бараме да се отстранат двојните стандарди и нашите достигнувања да се вреднуваат како на сите други“, рече Силјановска-Давкова.
The post Милановиќ: Северна Македонија сама одлучува за својот пат appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: