ПРЕСВРТ: Милановиќ ќе биде кандидат на СДП за премиер

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ на претстојните избори ќе настапи како носител на листата на СДП во Првата изборна единица, соопштија на прес-конференција тој и претседателот на СДП Пеѓа Грбин. Според неофицијални информации тој наскоро ќе поднесе оставка од функцијата претседател.

Знам дека имаше многу критики на моја сметка и затоа нема да бидам кандидат на СДП за премиер на овие избори, рече Грбин денеска на прес-конференција на плоштадот Марулиќ во Загреб и го отстапи местото на Милановиќ, кого го најави како „носител на листата на СДП во 1. ИЕ“.

Милановиќ даде кратка изјава и повика на собир на поединци и партии и најави создавање „влада на националниот спас“ по победата на изборите.

Ветувам, како и во минатото, решителна и чиста влада. Ќе ги исфрлиме крадците, угнетувачите и нивните помагачи и ќе го спречиме нивното враќање, рече тој.

Милановиќ како претседател на Републиката најави дека парламентарните избори ќе се одржат на 17 април.

Пронајдете не на следниве мрежи: