Милан во реваншот оди со два гола предност, расположени стрелците на Марсеј


Фудбалерите на Милан ја победија Славија Прага со 4:2 на домашен терен во првиот осминафинален натпревар во Лига Европа, откако повеќе од еден час на во поле имаа играч повеќе..

Првите поголеми проблеми гостите ги имаа во 26. минута кога останаа со играч помалку, исклучен беше Диуф. Само осум минути подоцна Жиру постигна гол за 1:0 за Милан, но веќе во 36. минута беше 1-1 кога Даудер ги шокираше домаќините.

Сепак, Милан на одморот замина со голема предност од два гола по головите на крајот на првото полувреме на Рајндерс и Лофтус-Чик. Славија не се предаде и намали на 2:3 со голот на Шранц во 65. минута. Италијанскиот гигант, сепак, оствари солидна предност од два погодока пред ревашнто, а конечниот резултат го постави Пулишик со гол на пет минути пред крајот.

Речиси комплетна работа на патот до четвртфиналето заврши Марсеј на првиот натпревар, на домашен терен,  во кој го победи Виљареал со 4:0. Во првото полувреме стрелци за Марсеј беа Веретут и Обамејанг од пенал, покрај автоголот на Москера. На почетокот од продолжението Обамејанг постигна уште еден гол за 4:0, по што гостите останаа со играч помалку. Виљареал подобро се снајде со десетмина и не прими гол до крајот.

Фрајбург пред своите гледачи го победи Вест Хем со 1:0, а единствениот гол го постигна австрискиот репрезентативец Грегорич во 81. минута, додека во Лисабон Бенфика и Ренџерс одиграа 2:2.

Гостите од Шкотска водеа двапати откако Лоренс и Стерлинг погодија во домашната мрежа во првото полувреме, додека Анхеч Ди Марија ја врати Бенфика во игра со гол од пенал и Голдсон си постигна автогол во 67. минута за конечните 2:2.

Баер од Леверкузен беше многу блиску до првиот пораз во официјалните натпревари оваа сезона, но лидерот во Бундеслигата сепак ремизираше 2:2 со Карабаг во првото дуек од осминафиналето на Лига Европа.

Пред гостувањето во Азербејџан, Баер оваа сезона одигра 34 натпревари. Од нив победи во 30, додека четири пати ремизираше, и тоа против Баерн, Штутгарт и двете Борусија, од Дортмунд и Менхенгладбах. Последен пат Баер загуби на крајот од мај минатата година, во финишот на минатата сезона во Бундеслигата против Бохум.

По одличната игра, Карабаг по првиот дел водеше со 2:0, а головите ги постигнаа Бензија во 26. минута и разиграниот Жунињо во судиското надополнување на првото полувреме. Во продолжение дојде до будење на Баер кој намали преку Виртц во 70. минута, додека поразот беше избегнат во 92. минута кога чешкиот напаѓач Шик погоди за конечните 2:2.

Ливерпул направи голем чекор кон четвртфиналето на Лигата на Европа откако во Прага кај Спарта славеше со високи 5:1. Резултатот на Ливерпул беше многу подобар од играта, бидејќи во најголем дел, особено во првото полувреме, домаќините беа рамноправни.

Сепак, додека Спарта ги пропушташе шансите, Ливерпул ја наполни домашната мрежа. Стрелци беа Мекалистер во шестата минута од пенал, потоа Дарвин Нуњез во 25. минута и во судиското надополнување на првото полувреме, а собено беше убав неговиот прв гол постигнат од околу 20 метри. Четвртиот гол за Ливерпул го даде Луис Дијаз во 53. минута, последниот петти Шобошлаи во 94. додека дури и за Спарта стрелец беше играч на Ливерпул, автогол си постигна Бредли.

Првиот натпревар од осминафиналето подеднакво убедливо го одигра и Рома на својот „Олимпико“. Римските фудбалери го совладаа премиерлигашот Брајтон со 4:0. Во првото полувреме римјаните ги искористија грешките на гостинската одбрана, а погодија Аргентинецот Дибала во 12. минута и Белгиецот Лукаку во 43. минута. Сѐ беше заокружено со голови во продолжението на Манчини во 64. минута и Кристанте во 68. минута.

Во средата Спортинг и Аталанта го одиграа првиот осминафинален натпревар во Лисабон, а дуелот заврши без победник 1:1.

Пронајдете не на следниве мрежи: