Минатото лето, Федерико Киеза се префрли во Ливерпул, но изгледа дека наскоро ќе се врати назад во италијанската Серија А. Во Англија, Киеза не добива доволно време на теренот и е незадоволен од својата ситуација. Поради тоа, летово се испланира неговото враќање во италијанската лига. Ливерпул е подготвен да ги разгледа понудите, а клубовите Милан и Рома се најзаинтересирани и водат активна трка за неговиот потпис. Киеза дојде во Ливерпул како слободен агент, а клубот сега е подготвен да го продаде за „симболични“ 10 милиони евра, сума која и Милан и Рома се подготвени да ја платат.
The post Милан и Рома покажуваат интерес за Киеза appeared first on 365.mk.