Адвокатскиот тим на поранешниот партнер на Северина Вучковиќ, Милан Поповиќ ја пријавил познатата хрватска пејачка во Центарот за социјална заштита поради семејно насилство.
Обвинението се заснова на и-мејл што пејачката наводно му го испратила, во кој го нарекува “глупак, психопат кој мора да се лечи на психијатрија, г**нар, злобен, гад, губитник, манијак и криминалец“
Српски „Блиц“ јави дека Северина во пораката напишала и дека „ќе стори се за да го заштити синот од татко му, дека и се повраќа од него и дека е беден и нула од човек“.
Пред неколку месеци, медиумите пренесоа дека Поповиќ ја добил битката за старателство над нивниот син, но тоа неофицијално, оти судската постапка беше тајна.