Милениумците повеќе сакаат да се сингл отколку во врска

Според резултатите на едно ново истражување, изгледа е кул да се биде сингл. Истражувањето било спроведено на повеќе од илјада Тиндер корисници, на возраст меѓу 18 и 25 години, односно на дел од групата што е позната како милениумци. Тие ги изнеле своите ставови за врските и сингл животот, а резултатите инспирирале нова кампања на апликацијата што го слави сингл животот.
„Штета е да го трошите времето додека сте сингл“, гласи новото мото на апликацијата за љубовни состаноци Тиндер, бидејќи резултатите од спроведеното истражување откриле дека милениумците едноставно многу повеќе уживаат кога се сингл отколку во врска.


Дури 71% од нив признале дека самите донеле одлука да бидат сингл, а 81% од нив откриле дека животот им е многу подобар кога се самите со себе. Од друга страна пак, 55% од испитаниците се согласуваат дека нивните сингл пријатели се позабавни од оние што се во врска, па најверојатно тоа води и до 39% од нив да изјават дека се плашат да започнат врска за да не станат здодевни. Интересно е и дека 25% од жените што учествувале во истражувањето признале дека кога се сами, се чувствуваат многу помоќно отколку кога се во врска.
Изгледа дека времињата се промениле, но нас нè интересира какво е вашето размислување на оваа тема. Дали и вие ги делите мислењата со милениумците на Тиндер или пак, можеби размислувате во сосема поинаква насока?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.