Миленко и се сити на Гордана, тебе те стаса тоа што го збореше за мене
Во статус на Фејсбук Миленко се „израдува“ за Гордана и нејзиното започнување на одлежување на затворската казна за случајот со Мерцедесот на Груевски. Иако тој важеше долги години токму за промотор на Груевски и неговите политики…
„Гледам денешна фотка па се присетив на две работи:
– Министерката бивша во една прилика во присуство на Иво Котевски ми вели: “Ти Миленко имаше нешто судско, некоја пресуда, нели”?
– Во бомбите во разговор помеѓу Ставревски и Јанкуловска каде го оговараат Пешевски кој треба да гостува кај мене ви емисија велат: “Ма пушти го Хипо нека гостува кај тој криминалецот”.
И ете, и судско и пресуда, и криминалец! Ама кој, ја или ти?!
*
Против Гордана Јанкулоска СЈО има поднесено уште два предмета, за масовното прислушување, „Таргет-Тврдина“ и за изборните нерегуларности, случајот „Титаник“.
Во „Таргет-Тврдина“ на Јанкулоска ѝ се суди за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а во „Титаник“ за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.