– Жалбата на М.Ј. се уважува, па мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението од Судот.
Поранешниот министер за труд и социјала, Спиро Ристовски и понатаму останува во притвор во Шутка.
– Жалбата на С.Р. се одбива како неоснована, стои во соопштението на Судот.
Пред два дена се појави информацијата дека двајцата биле нападнати во затворот, а од ГОБ “8 Септември“ се огласија дека по сите направени испитувања кај Јанакиески не се констатирани повреди.