МИЛИОНЕР КИДНАПИРАН ДОДЕКА ИГРАЛ ГОЛФ: Киднаперите упаднале на теренот, го испрскале со непозната материја, а потоа го фрлиле во багажник

Група маскирани разбојници киднапирале бизнисмен додека тој играл голф во елитен клуб во Хартфордшир на истокот на Англија!

Киднаперите со непозната материја испрскале млад бизнисмен со кинеско потекло, кој играл голф со три жени, по што му ставиле лисици на рацете пред шокираните посетители и го ставиле во багажникот на нивниот автомобил.

Лавров: Со нетрпение го очекуваме предлогот на Трамп за решавање на кризата во Украина
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека не знае како новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, има намера да ја …
Рации во Белорусија: Апсење членови на семејства и пријатели на политички затвореници пред претседателските избори
Белоруските власти синоќа приведоа повеќе од 100 членови на семејства на политички затвореници во новиот бран апсења пред претседателските избори, закажани за јануари, …

Бизнисменот бил претепан, но полицијата го спасила следниот ден, а осомничените биле уапсени. Локалните медиуми објавија дека бандата наводно барала 10 милиони фунти во крипто-валути за откупот.

Обидот за киднапирање се случи минатиот месец во елитен голф клуб каде членовите плаќаат членарина од нешто повеќе од 7.000 фунти плус 4.600 евра годишно.

  • Страшно е што се случува вакво нешто, особено на место каде што треба да се чувствувате безбедно – вели еден член на клубот.

Голф-клубот беше во сопственост на кинескиот милијардер Ју Сонгбо, но пропадна двапати за пет години. Тој беше продаден во 2020 година на друга компанија под контрола на Кина.

Бизнисмен од Бразил, кој мистериозно исчезна пред 13 дена за време на службено патување во Швајцарија, неодамна беше пронајден жив откако им побегна на киднаперите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.