Милица Тодоровиќ подготви вистинско изненадување – пејачката дојде во Скопје и ѝ запеа на Калиопи под балкон

Македонската јавност, а и српската е добро запознаена со блиското пријателство на нашата Калиопи со српската пејачка Милица Тодоровиќ.
Но, никој не очекуваше дека Милица ќе дојде во Скопје и ќе и направи големо изненадување на Калиопи.
Имено таа дошла во Скопје, и веднаш отишла под балоконт на Калиопи и и ја запеала омилената песна. Од видеото подолу може да се забележи среќата на Калиопи и колку е таа трогната од потегот на Тодоровиќ.
Калиопи овој момент го сподели на социјалната мрежа Инстаграм каде напиша:
„Знаете дека јас секогаш го делам со вас и најмалот слатко „лудило“ во мојот свет … Но, таа е повеќе од тоа … Моето сакано суштество, мојата Милица, ми приреди вистинско изненадување … Тивко, без мое знаење , таа дојде во мојот град и како најголем трубадур ме покани на балконот со песна, која многу ја сакам и го врзува нашето пријателство … Каква радост, каков благослов. Те сакам девојче! Ти си единствена, убав подарок за овој свет …. Толку сум горда на тебе “…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.