Милијарда млади луѓе во опасност да го загубат слухот поради гласна музика

Адолесцентите сакаат да слушаат гласна, па дури и прегласна музика и поради тоа околу една милијарда млади луѓе се во опасност да го загубат слухот, предупреди Светската здравствена организација.
СЗО истакнува дека речиси половина од младите помеѓу 12 и 35 години секојдневно слушаат музика на мобилните телефони, додека околу 40 отсто од тинејџерите се изложени на премногу бучна музика во клубовите и кафулињата.


Мобилниот телефон оптимално овозможува јачина помеѓу 75 и 136 децибели, а истражувањата покажуваат дека младите ги слушаат омилените песни на јачина од 75 до 105 децибели. Во ноќните клубови нивото на бучава е од 104 до 112 децибели.
-Се обидуваме да ја подигнеме свеста на младите во врска со прашањето за кое не се зборува многу и чии последици се многу штетни. Мораме да им укажеме на возрасните да ги одвратат тинејџерите од слушање гласна музика, истакна директорот на СЗО за превенција на повреди, д-р Ејтен Круг

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.