Милијардерот Метју Молдинг заработи 930 милиони евра откако рипна цената на акциите во неговата компанија The Hut Group, основана во 2004 година. Во изминатите 16 години тој заработи вистинско богатство.
Неговата компанија продава низа производи, од козметички до протеински додатоци за исхрана. Покрај тоа, токму неговата компанија стои зад брендовите како Honde и Nestle.
За него британските медиуми пишуваат дека никогаш не заборавил од каде потекнува и дека е израснат во работничко семејство. Целата годишна плата од 840.000 евра ја донира во хуманитарни цели.
Има дадено 11 милиони евра за борба против короната и повеќе од 2 милиони евра за медицинските работници кои се на првата борбена линија против вирусот.
Се грижи и за неговите вработени. Минатата година вработените во The Hut Group од Манчестер меѓу себе поделија акции од компанијата вредни 23,5 милиони евра, а некои од нив станаа мултмилионери поради тоа. Никој не доби помалку од неколку стотина илјади евра.
Меѓу нив е и неговата асистентка која заработи толку многу што може да се пензионира на 36 години.
Откако компанијата е основана во 2004 година, на вработените им се поделени петина од акциите.
Молдинг е во среќен брак, а редовно со семејството, сопругата и децата, оди на луксузни одмори на Малдиви.