Милијарди за нуклеарни подморници: Започнува изградбата на бродоградилиште

Австралија денес објави дека ќе потроши 3,9 милијарди австралиски долари (2,76 милијарди американски долари) за изградба на бродоградилиште кое ќе помогне во испораката на нуклеарни подморници.

Изградбата на ова бродоградилиште ќе помогне во испораката на нуклеарни подморници во рамките на трилатералниот одбранбен пакт Аукус што го склучи со Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека средствата ќе бидат инвестирани во ново бродоградилиште за нуклеарни подморници во Осборн, предградие на Аделаида во државата Јужна Австралија, објави Ројтерс.

Албанезе рече дека изградбата на тоа бродоградилиште ќе бара издвојување на уште 18 милијарди американски долари во наредните децении.

Во 2021 година, Велика Британија, САД и Австралија го склучија историскиот безбедносен пакт Аукус, според кој Австралија за прв пат ќе може да гради подморници на нуклеарен погон базирани на американска технологија.
The post Милијарди за нуклеарни подморници: Започнува изградбата на бродоградилиште appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: