Мили даде коментар по аферата со Јеремиќ

Александар Милиќ Мили, авторот на многу хитови во регионот, неодамна беше поврзан со водителката Јована Јеремиќ, а тој сега проговори за целата ситуација,односно шпекулација.

„Не знам што се случило. Не знам за што се работи но, ете се случи тоа што се случи. Јас немам никаков контакт со неа“ – изјавил Александар Милиќ Мили.

„Сакам да ги демантирам наводите, немам никаква врска со Мили од Гранд, ниту пак некогаш сум го сретнала. Луѓето што ги имам во моето непосредно опкружување се запишани по емоцијата што ја имам за нив, а не по име и презиме. Јас никогаш не би била со оженет човек, тоа добро го знаете, мора да е самец или разведен, и тоа да го има на документ. Единствена сличност е само што е ќелав, не е само Мили ќелав, има и друг што го знам, но нема да го спомнам во оваа приказната“ – изјавила Јована на оваа тема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.