„Милка за друг ојде“: Српски пејач објави снимка како му пее на Мицкоски

Српскиот естраден уметник Драган Ќирковиќ на социјалните мрежи објави снимка од неговиот настап на годинешниот „Европски Ромски бал“ кој се одржа пред неколку дена во скопскиот хотел „Александар палас“.

На видеото се гледа како премиерот Христијан Мицкоски и дел од неговите блиски соработници, како специјални гости на настанот, од своите почесни места го следат настапот на Ќирковиќ и неговиот оркестар, кој за нив ги пеат песните „Милке, душо“ и „Македонско девојче“. Пејачот во текот на солото ги поздравува премиерот и неговата придружба на српски јазик.

@cira_music Premijer Makedonije uživa u izvedbi orkestra Dragana Ćirkovića Ćire🎼 #nikolaajdinovic #dragancirkoviccira #muzikasabalkana #skopje #mickoski #fy #viral ♬ son original – cira_music