Милко Ѓуровски: Да бев на местото на Тадиќ, немаше ни да влезам во игра

Поранешниот македонски репрезентативец Милко Ѓуровски апсолутно го оправдува револтот на Душан Тадиќ од натпреварот против Англија.

Она што се случи на неделниот меч се уште е главна тема во српскиот фудбал, а свое видување даде и некогашниот играч на Партизан и Црвена Звезда кој смета дека Тадиќ бил и премногу фин.

„Тој е капитен, рече само дека би сакал да игра од почетокот и дека ја почитува одлуката. Не кажа дека е лут или дека нема повеќе да игра. Во ред, седеше на клупа, подоцна влезе… Јас, на пример, не би влегол во игра, таков карактер сум. Душан е мирно, фино момче, само го кажа тоа што му лежи на душа, тоа го знае и Пикси. Мене, кога тренер ќе ме оставеше на клупа, навивав мојот тим да изгуби“, изјави Ѓуровски во интервју за порталот Моцартспорт.

Вчера Тадиќ се извини за својата изјава и се очекува утре да биде стартер на натпреварот против Словенија.

Пронајдете не на следниве мрежи: