Милорад Додик не гласа во просторот резервиран за гласање, гласачкото ливче го стави на маса пред новинарите

Српскиот политичар од Република Српска, Милорад Додик гласаше во Бања Лука на парламентарните избори одржани во Србија.

Но, Додик тоа не го направи во кабината резервирана за гласање, туку на масата пред бројните новинарски екипи кои имаа можност да снимаат како гласа.

Адвокат од Куманово нападнат во својата канцеларија
Адвокат од Куманово вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат во својата канцеларија од лице од Виница. – На 02.01.2025 година во 13.00 часот во СВР Куманово Н.К. од село Пелинце, …
Објавена листа на соработници на нацистите во Холандија
Холандските власти во рамки на проектот нарачен „Војната на суд“, објавија листа на околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите за време на окупацијата на земјата во Втората светска …

Додик гласал во Генералниот конзулат на Србија во Бања Лука, пренесува Телеграфи.

Камерите го снимиле моментот кога го добива гласачкото ливче и не влегува во просторот резервиран за гласање, каде што можел да направи такво нешто што го предвидува законот – тајно гласање.

Наместо тоа, тој го стави своето гласачко ливче на масата пред многу набљудувачи и повеќе тимови на новинари, кои можеа да видат што заокружил.

Дури и ливчето го држи постојано отворено и не свиткано, за да се види јасно за кого гласа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.