Неговиот потег е, вели, во согласност со народната волја изразена на Референдумот во 2018 година и индивидуалната слобода на изразување како човеково право. Со нетрпение ја очекува казната што ќе ја определи премиерот за ова казниво дело, со надеж дека истата нема да биде според принципот по 1€ на три доверители! По изјавата на премиерот Заев дека пречкртувањето на “Северна“ е непочитување на Уставот и казниво дело, како што вели тој, со нетрпение ја очекува казната што ќе ја изрече премиерот Заев, рече пратеникот Антонио Милошоски.
– Со посебно внимание ја слушав изјавата на премиерот Заев, кој конечно сфатил дека Уставот е светост во секоја земја, но цени дека потегот на Милошоски да го пречкрта “Северна“ од неговиот беџ како пратеник на Македонија во Советот на Европа е “безобразен“ и “казниво дело“, напиша Милошоски.